За нас Европско винско витештво Календар Членство Галерија Пријатели Новости Контакт
         
 

Добредојдовте на страницата на МАКЕДОНСКИТЕ ВИНСКИ ВИТЕЗИ

Почитувани пријатели,

Европското винско витештво има традиција на вински витешки ред и е основано во 1984 година во градот Ајзенштат, Австрија во чест на виното и на Господ.

Витештвото е во традицијата на витешкиот ред Св.Ѓорѓи од 1273, односно 1308, 1468 година и истата ја продолжува.

Здружението е место на собирање не само на производители на вино туку и на сите оние кои го сакаат виното и е дел од нивната култура. Целта е ширење и размена на информации за производство на вино, разумно конзумирање, а се разбира и поврзување на народите на културна основа.

Во Европа членуваат повеќе од 2000 почитувачи на виното од повеќе од 20 држави. Членовите од винскиот витешки ред се реномирани енолози, винари, дипломати, лекари, научници и црковни великодостоинственици.

Македонскиот вински конзулат е основан на 04 Март 2009 година, а за негов прв проконзул е именуван Зоранчо Митревски. Втор проконзул е Илија Малинковски.

 

Новости и настани

16.05.2008

Словенечки вински витези во посета на Македонија

Винските витези големите почитувачи на виното, винските енолози и произведувачи на вино од Словенија најпрво го посетија Скопје, каде што нивни домаќин беше винаријата Сковин.
Воодушевени од вкусот на виното вранец изјавија:
- Македонските винари не треба да ги следат светските трендови и да произведуваат модерни сорти вина, туку да се ориентираат кон автохтони сорти, специфични за ова поднебје, со точно определено географско потекло и географска микролокација. Така ќе создадат свој идентитет и ќе бидат препознатливи на светскиот пазар. ..

повеќе ...
 
         
  
ЕВРОПСКО ВИНСКО ВИТЕШТВО - МАКЕДОНСКИ ВИНСКИ КОНЗУЛАТ ©