Европското Винско Витештво треба да исполни две основни задачи.
Порака:
Да се унапреди употребата и перцепцијата за вино = поддршка за винарството = придонес кон материјалните вредности.
Мисија:
Формирање на витешка заедница. Секој треба да ги усвои витешките обичаи = негување на витешкиот менталитет = придонес кон идеали.
Кое покровителство го прави ова возможно? Секако дека не материјалното, кое го доминира духот на денешницата.
Витештвото нема потреба од значителни финансиски средства ниту пак потреба од многу членови. Повеќе од се, Витештвото ја црпи својата енергија од идеалот и идеалистичката сфера.
Како покровители и извори на ова треба да се споменат:
- Духовната содржина, како и нашата Прокламација и документација. Витештвото функционира базирајќи се на историски докажани структури од страна на седиштето на нашиот Сенат, слободниот град Ајзенштат, прилагодени за целите на денешницата.
- Претпазливо и оправдано избрани Витешки конфедеративци, луѓе кои имаат кредибилитет и моќ да ги движат работите.
- Уставот на витештвото ги дефинира останатите суштински својства на Витешката конфедерација.
- Убавината на витешките свечености и харизматичноста имаат моќ да придонесат за унапредување на имиџот.
Вредности на витештвото:
“Знаењето е моќ и предност.” - Витештвото и виното се над политиката и политичките партии. Од една страна, витештвото не следи ниту една партиска политика, од друга страна, политичката припадност на витешкиот конфедеративец е без значење за самото витештво, тоа е лична работа.
- Витештвото се води според Христијанските вредности и ја надминува вероисповеста – начин на остварување на добрите принципи во светот. Сферата на верата не претставува област на конфликт за витештвото.
- Витештвото не распознава економски конфликти во областа на производството, трговијата и кооперативното општество. Во витешкиот круг има претставници од сите области – претставувајќи профани и опозициски интереси/области обединети под мотото на нашиот грб “IN HONOREM DEI et IN HONOREM VINI”; или со други зборови:
“Ако двајца секогаш имаат исто мислење, едното од нив е излишно.” - Витештвото поседува моќ на на социјална интеграција. Поврзува личности од различни општествени и професионални сфери.
- Витештвото има сопствен печатен медиум, Das Weinblatt (Лозов лист) кој обезбедува моќ и независност во денешното информациско и медиумско општество.
- Витештвото е активно во различни региони т.е. на меѓународно ниво.
- Витештвото е благодорна платформа за интердисциплинирани научни собири кои се бават со тема вино.
- Витештвото мора да ја задржи својата автономна позиција за да биде во можност да води дијалог со други профани организации за фактички пресврт кон подобрување на виното во голема мера. Витештвото функционира како меѓународна мрежа.
- Витештвото нуди иксуство на благородна заедница, на препознатлив и уреден начин, служејќи како сила и поддршка за секој член. Реченица која го обележува преминот во витештвото гласи: “Кога човек ќе ја надмине зависта и ќе почне да се вложува себе си за други каузи, само тогаш станува вистински витешка личност”.
- Во други области како на пример религија, политика или култура, Бургенланд е дел од една поголема целина. Таа е единствената лоза од оваа земја која што му дава мандат на нашето витештво. Оваа ексклузивност и мир секогаш започнува од човечкиот ум. Ова е местото каде што се наоѓа почетната точка на добрината и внатрешниот мир.