„IN HONOREM DEI et IN HONOREM VINI“

До сите пријатели на виното ширум Европа!

Дадено во седиштето на сенатот во слободниот град Ајзенштат.

Виното е значaен дел од европската култура и идентитет. Европското винско витештво си постави за цел да ја негува разновидноста на заедничкото културно наследство и да го сочува за следните генерации. Со тоа сакаме да дадеме значителен придонес кон европската интеграција и кон понатамошното проширување на европскиот круг на пријателство и мир во Европа. И покрај сите овие напори не треба да се запостави личното пријателство, уживање во племенитиот пијалок и негувањето на уметностите. Затоа, ве покануваме да размислите за првиот чекор за членување во европското винско витештво, со тоа што лично ќе станете член и/или ќе учествивате во изградба на вински конзулат во вашата земја.

Европското винско витештво има традиција на вински витешки ред и е основано во 1984 година во градот Ајзенштат, Австрија, во чест на виното и на Господ. Витештвото е во традицијата на витешкиот ред Св.Ѓорѓи од 1273, односно 1308, 1468 година и истата ја продолжува. Здружението е место на собирање не само на производители на вино туку и на сите оние кои го сакаат виното и е дел од нивната култура. Целта е ширење и размена на информации за производство на вино, разумно конзумирање, а се разбира и поврзување на народите на културна основа. Во Европа членуваат повеќе од 5000 почитувачи на виното од повеќе од 20 држави. Членовите од винскиот витешки ред се реномирани енолози, винари, дипломати, лекари, научници, црковни великодостоинственици, и многу други луѓе успешни во својата професија.
Македонскиот вински конзулат е основан во 2004 година а официјално е регистриран како здружение на граѓани на 04 Март 2009 година, а за негов прв проконзул е именуван Зоранчо Митревски.

Board Members

Member List