F.I.C.B. 2018 Меѓународен конгрес на светски вински братства
Скопје и Тиквешки регион
31 мај - 04 јуни 2018
Конзулатот на вински витези на Македонија има навистина посебна улога да биде домаќин на Меѓународниот конгрес на светските вински братства (F.I.C.B.) 2018 во Република Македонија, со фокус ставен на скопскиот и тиквешкиот регион, препознатливи по изобилството од гроздови насади и вино.
Овој престижен настан ќе се одржува помеѓу 31 мај и 03 јуни, со можност за продолжена посета во Охрид помеѓу 4-6 јуни.
Церемонијата за отварањето на Kонгресот 2018 како и свечената вечера ќе се одржат во Скопје во хотел Mериот а завршната цермонија, со гала вечера и пригодна забава за крај на овој свечен настан, ќе се одржат во винаријата Шато Камник вечерта на 03 јуни.
Со вистинска радост ги очекуваме гостите, љубителите на вино и делегатите од винските братства ширум светот на кои сакаме да им овозможиме во оваа прилика одблиску да ги доживеат некои од најдобрите македонски винарии и сончеви виногорја.
F.I.C.B. 2018 Меѓународен конгрес на светски вински братства
Скопје и Тиквешки регион
31 мај - 04 јуни 2018
Европско винско витештво
Македонски вински конзулат
EQUES Ornatus - Прв прокозул
F.I.C.B. 2018 Претседател на Конгресот
Европско винско витештво
Македонски вински конзулат
EQUES Ornatus - Втор проконзул
Зборувајќи во името на Конзулатот на вински витези во Македонија и на неговото членство, во пресрет на претстојниот Меѓународен конгрес на светските вински братства (F.I.C.B.) 2018, чест ни е што имаме можност да ви посакаме добредојде токму во Македонија. За овој посебен настан подготвуваме посета на Скопскиот и Тиквешкиот регион како најистакнати македонски вински региони, како и можност за посета на живописниот Охрид, како вековна лулка на културата и традицијата сместена на бреговите на Охридското езеро.
Подготовките и планирањето на овој настан се во тек повеќе од една година со цел да се обезбедат најдобрите локации и најуникатните активност кои за учесниците на Конгресот (F.I.C.B.) 2018 ќе ја направат посетата на Р. Макеоднија едно прекрасно искуство вредно за паметење.
Македонија Травел е локален координарот за овој настан и ќе ја обезбди поддршката која може да им биде потребна на делегатите при процесот на регистрација или при планирањето на нивното патување.
Ве очекуваме во 2018 !
Меѓународен конгрес на светски вински братства (F.I.C.B.) 2018
Скопје и Тиквешки регион
31 мај - 04 јуни 2018
F.I.C.B. 2018 Меѓународен конгрес на светски вински братства
Продолжување во Охрид и околниот регион
04 јуни - 06 јуни 2018
Хотел Мариот 5*
Плоштад Македонија – Скопје
Конгрес (4 вечери) – F.I.C.B. членови во евра
Двокреветна соба € 1,400 по лице
Еднокреветна соба € 1,780 по лице
Трокреветна соба € 1,300 по лице
Четворокреветна соба € 1,250 по лице
Доплата за учесници кои не се членови на винско братство € 100 по лице
Хотел Ибис 4*
ул. Орце Николов 55 – Скопје
Конгрес (4 вечери) – F.I.C.B. членови во евра
Двокреветна соба € 1,210 по лице
Еднокреветна соба € 1,400 по лице
Трокреветна и четворокреветна соба не се достапни во овој хотел
Доплата за учесници кои не се членови на винско братство € 100 по лице
Продолжување (2 нокевања) – F.I.C.B. Членови и останати
Двокреветна соба € 550 по лице
Еднокреветна соба € 620 по лице