Витештвото е основано во согласност со Австрискиот акт за здруженија и е регистирирано како правно лице. Ова е правната основа на витештвото.
Следните факти го возвишуваат Витештвото поблиску до историскиот поредок:
- Култно-мистичен центар
Центарот на Витештвото е базиран врз основа на симболот на нашата вера; мотото е: “IN HONOREM DEI et IN HONOREM VINI”; Витештвото на лозата следи цитати од Библијата кои се однесуваат на виното. - Христијанскиот и филозофоско-етичкиот систем на вредности кој се манифестира во историско докажани структури (Римската империја).
- Усовршување на идеалите, христијанството, хуманитарноста, социјалните и културните како и научните и општесетвените вредности и работата; благородниот менталитет и негувањето на благородното витешко пријателство.
- Елитистичкиот принцип во изборот на конфедеративците – елитистичка конфедеративна форма на витешката елита.
- Витешкиот устав
– Аристократско благородништво: БЛАГОРОДНИШТВО (Аристократска демократија)
– Континуирани претставништва на Сенатот: КОНТИНУИТЕТ (Аристократија на сенатот)
– Колегијален Конзул: КОЛЕГИЈАЛНОСТ (Извршен Конзулар)
– Еднаквост на Конфедеративците: ЕДНАКВОСТ (Демократија базирана на еднаквост).